Германецот Дирк Новицки со 31 поен го предводеше Далас до победата 106-93 во тексашката пресметка со Сан Антонио. “Телињата“ со 4-1 ги елиминираа “мамузите“ и за прв пат по 2006 година успеаваат да ја поминат првата рунда од плеј-офот.

По трети пат во петте натпревари во серијата победникот се одлучуваше во продолжение. Шампионот Бостон, инспириран од Пол Пирс (27 п, 7 скока) го совлада Чикаго 106-104 и поведе со 3-2.

Портланд избегна елиминација, откако со 88-77 го совлада Хјустон и намали на 3-2 во серијата “подобар од седум“.

Двајт Хауард имаше дабл-дабл учинок во победата на Орландо над Филаделфија 91-78. Хауард постигна 24 поени,а имаше и за него рекордни 24 скока, обезбедувајќи 3-2 предност за “магичните“.