Со гостинската победа од 102-88 над Далас,  “мамузите“ ја израмнаа серијата на 1-1. Тим Данкан со дабл дабл учинок  од 27 поени, 10 скокови ги скроти “телињата“, Џинобили додаде 23 поени, 5 скокови и 4 асистенции. Во екипата на Далас расположен за игра беше само Дирк Новитцки кој уфрли 23 поени.

Орландо Маџик во бледа, и не толку убедлива игра го совладаа со 92-77 Шалрот и да зголеми на 2-0. Ударниот тандем на магичните Хаувард и Картер искомбинираа 34 поени, најдобриот дефанзивец додаде 9 скокови додека летечкиот Картер имаше 3 асистенции и 5 скокови. Во поразот на Шарлот најефикасен беше Стивен Џексон со 27 поени.


Резулати
Орландо – Шарлот 102-88 (2-0)
Далас – Сан Антонио 92-77 (1-1)