Бостон Селтикс по победата над Орландо со убедливи 94-71 поведе со 3-0. Колективната игра на “детелините“ беше клучна за триумфот над Орландо. Шест кошаркари на Бостон имаа двоцифрен број на поени додека кај “магичните“ затаи Хаувард, кој постигна за него скромни седум поени.


Вечерва играат ЛА Лејкерс – Феникс, “езерџиите“ имаа предност од 2-0.