Двајт Хауард од Орландо Меџик и Коби Брајант од Л.А. Лејкерс се играчи на неделата. Во источната конференција Орландо одигра 4 натпревари(скор 3-1),а на секој од нив Хауард забележа дабл-дабл  учинок со просек од 17 поени, 17.8 скока и 4.5 блокади по натпревар. На западот пак, на Брајант не му сметаше фрактурата на прстот за да оствари просек од 34.5 поени(најмногу во лигата), 5.5 скока,4 асистенции и 2.5 украдени топки по натпревар, и да ги предводи Лејкерси  до сите 4 победи на гостувањата оваа недела.

Трејси МекГрејди конечно заигра за Хјустон Рокетс по деветмесечната пауза поради операција на коленото.Со нов број на дресот, 3 наместо досегашниот 1, одигра во просек по 7.5 минути на четирите натпревари на Рокетс, забележувајќи скромен просек од 1.8 поени по натпревар. И покрај големата пауза која ја направи, популарниот Т-Мек очигледно е сеуште миленик на публиката,а тоа го докажува со второто место по број на гласови за настап на Ол-Стар натпреварот, веднаш зад Коби Брајант.

Се поизвесно е дека ќе нема повеќе место за Нејт Робинсон во екипата на Њу Јорк Никс. Иако договорот му истекува дури на крај на сезоната, овогодинешниот победник на Ол-Стар натпреварот во забивање воопшто не добива шанса за игра од тренерот Мајк Д’Антони. Причина повеќе се и гласините дека покрај тоа што Никс се обидуваат да го доведат ЛеБрон Џејмс во нивните редови следната година, планираат да ги ангажираат и Двејн Вејд од Мајами, Крис Бош од Торонто и Амаре Студемаер од Феникс, па во таква екипа неби имало место за Робинсон.

 

Бостон Селтикс ја прекинаа серијата од 11 победи во низа. Забележаа пораз на домашен терен од Филаделфија, по одличниот настап на Елтон Бренд кој постигна 23 поени. “Виновник” кај Бостон беше Рашид Валас кој заработи исклучување од натпреварот поради  2 технички грешки. Не настапи повратникот во екипата на Филаделфија Ален Ајверсон, кој мораше да одмара поради артритис на коленото.

Еве неколку потези кои ја одбележаа неделата што измина:

К.Д.