Вечерта на звездите во НБА Лигата му припадна на западната конференција совладувајќи ги “источните“ звезди со 148-143.


Приматот најкорисен кошаркар на “Олстар“ замина во рацете на Коби Брајант, четврти пат во кариреарата. Членот на “езерџиите“ постигна 29 поени и придодаде 14 скока. Во таборот на Истокот блескаше Леброн Џејмс со “трипл дабл“ втор во историја на “Олстарот“, првиот беше дело на “летечкиот“ Мајкл Џордан кој беше предводник на звездите на Истокот.

Мх.П.