2-1 е предноста на “детелините“ во пресрет на натпреварот бр 4 во финалната серија во НБА лигата. Коби Брајант со 36 поени на третиот натпревар ги врати “езерџиите“ во игра, па вообичаено сите погледи ќе бидат свртени кон МВП -то во регуларниот дел од сезоната.
По одиграните две феноменални партии на домашен паркет Пол Пирс беше непрепознатлив на мечот бр 3 . постигнувајќи шест поени. Полоша партија и не може да одиграат “детелините“, по што вечерва не очекува уште еден возбудлив натпревар во серијата.
Натпреварот се игра во Петок на утро во 03 часот.