Коби  Брајант потврди зошто беше избран за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната, откако со 36 поени ги предовдеше Лејкерси до првата победа (87-81) во финалната серија намалувајќи го водството на Бостон на 2-1.

Лејкерси не смееа да си дозволат пораз. Ниту еден тим во НБА плеј-офот не успеал да се врати во игра по 0-3 дефицит .

Очајна вечер беше оваа за Пол Пирс кој постигна едноцифрен број на погодоци шест. Кевин Гарнет постигна 13 со катастрофален шут од поле 6/21, додека единствено на висина на задачата беше Реј Ален постигнувајќи 25 п.

Мечот бр 4 на програмата е во Петок наутро во Стејплс центарот, каде Лејкерси играат 9-0 во плејофот.

M.П