Капитенот на детелините, Пол Пирс го предводеше својо тим до првата победа во финалната серија во НБA лига над Л.А.Лејкерс 98-88. За Бостон ова беше прва победа по пауза од 21 година во финалната серија.


Пирс (22п) поради повреда ја напушти играта во 3/4 но неможејќи да го остави тимот по само две минути поминати во соблекувалната се врати на теренот и четвртината ја заврши со 15 постигнати поени. Дабл-дабл учинок имаше кевин Гарнет (24 п, 13 ск), Реј Ален мечот го заврши со (19п, 8 ск, и 5 асс).


Поразените ги предводеше Коби Брајнт со 24 п, но со шут 9/26. По 15 поени постигнаа Пол Гасол и Дерек Фишер, додека Ламар Одом 14.

Вториот натпревар од серијата се игра во Бостон во Недела наутро во 3 часот.

OhridnEws