Со пеење на песната „Вечниот бог“ и носење на пештерата која го симболизира Христовото раѓање по единаесетти пат ќе се одржи во Охрид Бадниковата поворка.
Годинава учество ќе земат преку илјада дечиња, а новина е што песната „Вечниот бог“ ќе биде изведена и на знаковен јазик. Поддршка и овојпат ќе има од естрадни уметници.
Бадниковата поворка ќе почне во 10 часот, а собирот на децата е во 9 часот во дворот на црквата „Свети Ѓорѓи“.
Н.С.Ј.
Видео. Б. Стојаноски