Промоцијата на на Грчко-македонскиот речник во Атина, што ја организираше партијата на Македонците во Грција „Виножито“, синоќа, била прекината по упадот на дваесетина активисти на грчката фашистичка организација „Хриси авги“ (Златна зора).

Непосредно по започнувањето на промоцијата, маскирана група упаднала во Меѓународниот прес-центар лоциран веднаш до Министерството за надворешни работи на Грција со цел да предизвикаат инцидент. Тие дивееле во салата, ја оштетиле опремата на присутните сниматели, го уништиле промотивниот материјал и вербално ги нападнале промоторите, но никој не е повреден. Во обид да ги сними со својата камера, од физички напад се спасил и еден од промоторите, познатиот американски славист и лингвист Викор Фридман кој биле гостин на промоцијата. Непосредно пред доаѓањето на полицијара насилниците избегале, а за да се избегнат други инциденти промоцијата продолжила на периферијата на Атина.


Според партијата на македонцијте во Грција, „Виножито“, инцидентот е голем срам за Грција што не може да го скрие од европската јавност. Грчко-македонскиот речник со 15.000 зборови подготвен од покојниот Васко Караџа според промоторите е сведоштво за постоењето на Македонците во таа земја и одговор против режимски став на Атина за наводното непостоње на македонскиот јазик.

Ohridnews