Во страотен судир што се случил во 97 круг од наскар трка во Мексико, смртно настрада возачот Карлос Пардо. На стартно целната рамнина по колизија со друг автомобил водечкиот во трката се заби во заштитната ограда при брзина од 193 км/час.
Тешко повредениот Пардо со хеликоптер бил префрлен во болница но 45 минути по несреќата тој починал. Да биде иронијата поголема тој е прогласен за победник на трката во која го загуби животот.
Карлос Пардо е државен шампион на Мексико од 2004 година, а во наскар серијата има 74 настапи од кои 10 завршил со победа. Во кобната трка во Пуебла во неделата учествувал и братот на Карлос, Рубен Пардо, кој во моментот на несреќата бил на 6-то место.