По триесет години претседателствување, Хосни Мубарак поднесе оставка од функцијата  и власта во Египет ја препушти на армијата. На 18-от ден од протестите на опозицијата во Каиро, Мубарак ја напушти египетската престолнина. Веста за неговото заминување од политиката ја објави потпретседателот на државата Омар Сулејман.

– Во овие тешки моменти за земјата претседателот Хосни Мубарак одлучи да се повлече од функцијата и побара од армијата да управува со земјата, рече во телевизиското обраќање Сулејман.

Заминувањето на Мубарак предизвика воодушевување кај демонстрантите кои  во огромен број слават на плоштадот „Тахрир“ во Каиро.

Вашингтон, Брисел и ОН, ја поздравија одлуката на Мубарак и повикаа на транспарентна и мирна транзиција.


Египет слави за заминувањето на Мубарак

OhridNews