Најмалку 12 луѓе загинаа откако авион од компанијата „ТрансАзија Ервејс“, со крилото зафати мост и се урна во реката недалеку од главниот град на Тајван, Тајпеј. На локалниот лет имало 58 патници, а според првичните информации, многумина се повредени. Тајванската информативна агенција објави снимка на авионот речиси потполно потопен во водите од реката Килунг.
Спасувачките екипи се обидуваат да ги спасат неколкуте преживеани, заробени во леталото. До несреќата дошло кусо време по полетувањето од тајпејскиот аеродром Сонгшан, кон островите Кинмен, југоисточно од кинескиот град Сиамен. Меѓу спасените патници е и неименувано момче, а најмалку 16 лица се повредени. По 30 патници се уште се трага.
Од 58 луѓе во авионот 53 биле патници и петмина членови на посадата. Главно се работи за кинески туристи кои се враќале на копно.
OhridNews
извор Макфакс