Најмалку 10 лица загинаа, a триесетина се повредени во судир на патнички и товарен воз што синоќа се случи во близина на германскиот град Магдебург.

Се стравува дека бројот на жртвите може да биде и поголем бидејќи дел од повредените се во критична состојба. Во моментот на несреќата во патничкиот воз имало 45 луѓе.

Според првичните информации од истрагата на германските власти, причина за железничката несреќа е човечки фактор, односно непочитување на сигнализацијата.