Агенцијата на професионални фудбалери од Премиер Лигата, номинираше четворица кандидати за најкорисен фудбалер. Најдобриот стрелец во Премиер Лигата со 26 погодоци Вејн Руни, капитенот на топџиите Цеск Фабрегас, репрезентативецот на “гаучосите“ Карлос Тевез и интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска Дидиер Дрогба.


Ако наградата за најкорисен фудбалер заврши во рацете на Вејн Руни, тоа ќе биде четврта година во низа како оваа награда ја добива член на актуелниот освојувач на Премиер Лигата Манчестер Јунајтед. Наградата ја добиваа Рајан Гигс еднаш, а два пати на ова индивудуално признание  се радуваше сега веќе фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо.

ohridnews