Хозеба Љоренте, фудбалерот на Ваљадолид, со голот во седмата секунда од натпреварот стана најбрз стрелец во историјата на шпанската „Примера“.

Досегашниот Шпански рекорд беше сопственост на уругвајскиот репрезентативец, Дарио Силва, кој во 2000 година настапувајќи за Малага постигна гол во осмата секунда и тоа токму против Ваљадолид.

За тимот на Ваљадолид врзан е за уште еден рекорд во Шпанија, а тоа е најбрзо досудениот пенал. Тоа се случило во 2001 година, кога на средбата Ваљадолид-Селта судијата покажал на белата точка во 13 секунда.

Љоренте на мечот со Еспањол уште еднаш се запиша во листата на стрелците, за победа од 2:1.

Ohridnews