И оваа година, по јубилеен десетти пат, првиот информативен интернет портал кај нас „оhridnews.com“ на пригодна свеченост ја промовираше Годишната ревија на настани.

На настанот кој се одржа вечерва во Кадмо бар беа презентирани и наградени успешните охридски приказни. Во Годишната ревија на настани вообичаено како и досега опфатени се хронолошки позначајните случувања во Охрид во 2023 година.

Бесплатната Годишна ревија на настани на OhridNews, во наредниот период ќе биде дистрибуирана до читателите, а од вечерва на нашиот портал ќе биде достапна и дигитална верзија.

OhridNews