Кај мостот пред хотелот „Палас“ денеска околу пладне се појави нафтeна дамка од околу дваесетина метри квадратни.
Нафтената дамка од која се ширела непријатна миризба први ја забележале граѓаните од околните куќи на кејот, кои го пријавиле случајот во Капетанијата. Оттаму го известиле надлежниот општински инспектор по екологија, Лилјана Спиркоска, која веднаш излегла на терен. Според неа состојбата не е алармантна. „Дамката не е последица од хаварија на некој пловен објект, туку најверојатно е предизвикана од измивање на бродовите на градското пристаниште од дождот кој денеска наврна во Охрид“, ни изјави во телефоснки разговор, Спиркоска.
Спротивно на ваквото мислење, во Капетанијата сметаат дека нафтената дамка е предизвикана од невнимателно танкирање гориво од бродовите на пристаништето. Оттаму велат дека не е прв пат да се случуваат вакви еколошки инциденти, поради што треба да се размислува за побезбеден начин на танкирање гориво во пловните објекти. Тие реагираат дека каналот Студенчишта каде се влева водата од Билјанини извори е претворен во ремонтен центар, а неретко разниот отпад наместо во депонија завршува во езерските води. Загрижени за состојбата се и граѓаните кои очекуваат државата да преземе итни мерки за заштита на Охридското Езеро пред да се случи поголема еколошка катастрофа.
На денешната седница на Влада се донесе одлука за реконструкција и изградба на ново крило на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ Охрид, информира вицепремиерот Ал...
Продолжувајќи со интензивираните активности во делот на сообраќајните контроли низ патиштата во земјава, вчера полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, преземјаќи мерки согласно ...
Мобилна апликација која ја разви Министерството за образование и наука им овозможува на родителите и старателите на учениците едноставен пристап до електронскиот дневник и со тоа лесно и на дневна ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.