Во несреќата на приградскиот воз што се случи вчера на железничката станица во аргентинската престолнина Буенос Аирес, загинале најмалку 49 лица а 600 се повредени, пренесува Ројтерс повикувајќи се на локалните медиуми.

Како што пренесува „Макфакс“ несреќата се случила кога патничкиот воз кој се движел со брзина од 26 километри на час излетал од шините и удрил во заштитната ограда на перонот на железничката станица во центарот на градот во време на утринскиот сообраќаен шпиц.


Во возот имало околу илјада патници. Повеќето од нив биле упатени на работа во Буенос Аирес од предградијата на главниот град.

Министерот за сообраќај на Аргентина, Хуан Пабло Скијави, рече дека поголем дел од патниците се здобиле со потешки повреди, како и дека извесен број патници сé уште се заглавени во возот.

Според локалните медиуми од силината на ударот, предниот дел на локомотивата бил целосно уништен, а еден вагон  влегол речиси шест метри во вагонот кој се наоѓал пред него.


На местото на несреќата веднаш пристигнале десетина медицински возила.

Пред пет месеци, во судир на два воза, во Буенос Аирес, загинаа 11, а повредени беа повеќе од 200 лица.

OhridNews
извор: „Макфакс“