Во време на пандемијата од вирусот ковид -19 во летниот период, Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ беше светла точка на спортски план во Охрид и Македонија. „Охрид трчаТ“, го задржа нивото на професионалност и направи уште еден чекор напред, за прв пат организирајќи полумаратон (21 километар). Атлетската манифестација по која се препознава градот доби највисоки оценки за организација, почитувајќи ги сите мерки, препораки и протоколи од надлежните институции, и што е најважно ги врати насмевките кај вљубениците во трчањето и спортот.
Сето ова е најава за јубилејното петто издание на „Охрид трчаТ“, кое ќе се одржи следната година од 4 до 6 јуни.
Се гледаме во Охрид!
OhridNews