Министерството за внатрешни работи со официјално известување околу вчерашната несреќа на малиот авион кој полета од охридскиот аеродром и требаше да слета во Софија. Од МВР потврдуваат дека четворицата патници од авионот се починати.

„Вчера, околу 19 часот припадници на МВР го лоцираа авионот на локација на околу пет километри северозападно од Солунска глава“, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.

Во несреќата загинаа Г.А.Б. (1970 год.), К.Ц.К.Б.(1972 год.), Г.Г.Б. (2005 год.) и Б.Г.Б. (2000 год.) сите од Република Бугарија.

„Министерството за внатрешни работи изразува сочувство до роднините на починатите и до сите граѓани на Република Бугарија. Службите на МВР, Институтот за судска медицина и Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти вршат увид под раководство на јавен обвинител“, рече портпаролот Ангеловски.

OhridNews