Долго во ноќта траше славјето на навивачите на Интер на пијаца Д`уомо каде “нероазурите“ вообичаено ги слават титулите. Во два часот наутро вратите од “Џузепе Меаца“ беа отворени а еден сат подоцна на трибините имаше 30 илјади гледачи, како одминуваше времето така бројот на навивачите се зголемуваше а до пристигнувањето на играчите со трофејот се собраа 45 илјади гледачи.

Еуфоријата беше огромна кога капитенот Хавиер Занети за кого финалето беше неговиот 700 натпревар во дресот на Интер го донесе трофејот на стадионот. Пандев и сооиграчите ја поделија радоста со своите навивачи, но не и со својот ментор Жозе Мурињо кој не допатува во Милано заедно со екипата.

Мурињо по завршувањето на финалето најави дека ќе го напушти Интер и ќе се пресели во Реал Мадрид.

М.П.