Уредената рекреативна зона од мостот на каналот Студенчишта до Горица, наменета исклучиво за пешаци и велосипедисти, летово повторно е нападната од несовесни возачи. Тука не само што проаѓаат помали моторчиња и мопеди, туку и големи групи со мотори, но и товарни возила кои претставуваат сериозна опасност за пешаците и велосипедистите, дотолку што меѓу нив има и деца.
Граѓаните бараат поголема агилност од безбедносните служби и казни за несовесните возачи, со цел да се стави крај на ваквото несовесно однесување додека не се случил посериозен инцидент.
OhridNews