Ураганот „Сенди“ со огромна брзина се приближува на источнмиот брег на САД и се очекува да удри во копното со сета жестина помеѓу 17 и 19 часот по локално време. Ураганот се движи со брзина од 45 километри на час, а ветровите во него дуваат со брзина од 145 километри на час. Се стравува дека Ураганот „Сенди“ ќе ги надмине и најстрашните прогнози и дека ќе биде поразорен од големото невреме кое го погодило источниот брег на САД во 1938 година.
„Сенди“ на Карибите веќе одзеде 66 животи. Од вчера за исчезнати се водат шест или седум француски државјани на кои им се губи трага во морето кај Доминиканската Република. Крајбрежната стража на САД денеска евакуираше 14 лица од бродот „Баунти“ кој бил зафатен од невремето, а се трага по уште две лица.
Според Американската метеоролошка служба Ураганот од I категорија најсилно ќе го погоди подрачјето помеѓу Далавер и Њу Џерси, но последиоците ќе ги почувствуваат жителите од Северна Каролина до Нова Англија. Се очекуваат обилни врнежи од дожд и снег, како и поплави. Без струја се околу 300.000 жители, а под вода се деловио од Њујорк кој во пресрет на ударниот бран од невремето личи на град на духови. Откажани се сите летови, не работи јавниот превоз и метрОата. Улиците се речиси празни и личат на сцени од научнофантастичните филмови.
Спасувачите екипи во Далавер евакуирале повеќе лица кои останале заробени во домовите бидејќи не се одзвале на предупредувањата за евакуација. Властите во Конектикат стравуваат од плимата која би можела да донесе бранови високи до 6 метри.
Поради ураганот „Сенди“ вонредна состојба е прогласена во неколку американски држави. Властите ги предупредуваат граѓаните да се подготват за најлошото можно сценарио. Се очекува најсилното невреме што некогаш ги погодиле САД да предизвика големи поплави, прекини во снабдувањето со електрична енергија, а вонредната ситауција би можела да потрае една недела.
Иако станува збор за ураган од најслаба категорија, „Сенди“ под влијание на ладните струи веќе има потенцијал да прерасне во „Совршена бура“, невидена до сега од ураганот кој во 1938 година ја погодил Нова Англија кога бранови високи 15 метри предизвикале вистински пустош убивајќи 800 луѓе.