Деновиве на YouTube беше промовирано видеото за нумерата „Круг“ на Никола Мицевски, за која тој ги напиша музиката и аранжманот. Видео записот кој плени со својата креативност е дело на охриѓанецот Даниел Јовески. Неговиот потпис стои зад режијата, сценариото и камерата, а аудиото е снимено и продуцирано во студиото „XL Момироски“. Костимографијата е на Андреј Папаз и Даниел Јовески.

Зад „Круг“ стојат: Никола Мицевски – клавир, Зоран Костадиновски – гитара, Иван Кукич – Бас, Благоја Антовски – тапани, Петар Христов – сопран саксафон и гудачката секција: Владимир Крстев, Илија Филиповски, Верица Ајтовска, Дијана Мирчевска, Марија Трајковска и Емил Чичоновски.

Улогите во видеото ги толкуваат: Девојката – Јулијана Митревска, Детето – Андреј Димовски, Момчето – Михаил Талев и Возрасниот – Мендо Вељановски. Помагаа: Кире Јовески, Ристе Филипов, Филип Четкар

Посебна благодарност за: Мартин Филиповски, “Skymusic MK”, Студио “Мој Имиџ” и на моето семејство за нивната безрезервна поддршка во мојот музички КРУГ! – напиша Никола Мицевски на YouTube.

OhridNews