Светски познатата виолинистка Ванеса Меј, која синоќа со извонреден концерт на Античкиот театар го отвори 59-то издание на „Охридско лето“, по завршувањето на церемонијата на свеченото отворање на фестивалот, се сретна со активисти од здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ и волонтери од Охрид.

Во видео пораката што ексклузивно ја пренесува OhridNews, таа упати апел до властите во Македонија да го спречат труењето на животните и да им помогнат.

Фото и видео: А. Момироска