Фудбалерот на “росонерите“ Кларенс Сидорф со солзи во очите го напушти Вајт Харт Лејн откако не се пласираа во наредната фаза во Лигата на Шампиони.


35-годишниот Сидорф има настапено  122 пати во Лигата на Шампиони што е шести скор на вечната листа. Холанѓанецот четири пати се има радувано на трофејот во Лигата на Шампиони (1994 со Ајакс, 1998 со Реал Мадрид, 2003 и 2007 со Милан). Сидорф е единствениот фудбалер што има освоено три трофеи во Лигата на Шампионо со три различни екипи.