Триесет и две годишниот Митко Топенчаров од населбата Варош го фати чесниот крст што денеска беше фрлен во осветените води во Охридското Езеро.
Топенчаров имаше најмногу среќа од околу четиристотините млади кои се фрлија по крстот. „Ова ми е трет пат како фаќам крстот.
Get the Flash Player to see this player.
Првиот пат го фатив 2000 година, вториот пат во 2003г, и годинава по трет пат. Скокам веќе 18 години по светиот крст и самиот збор свето многу кажува колку ни значи бидејќи ние од мали така сме задоени и се надевам дека оваа традиција ќе ја продолжат идните генерации“, ни изјави Топенчаров.
Среќниот Митко Топенчаров
Настанот што традиционално се одржува во чест на големиот православен празник Богојавление – Водици го проследија околу 10000 луѓе.
Водици во Охрид
Г. Момироски