По петиот пораз во деветиот меч во УФЦ наптреварувањата Мирко Филиповиќ ја загуби подршката на претседателот на организицијата Дејн Вајт, кој напоменал дека за Кро Коп нема повеќе место во тоа натпреварување.

Мирко Филиповиќ падна како покосен на минута пред истекувањето на третата рунда, откако Брандан Шауб му зададе силен удар,за момент Кро Коп остана без свест, а 28 годишниот Американец му зададе уште еден удар на немоќниот Хрват, пред судијата Херб Дин конечно да го прекине натпреварот.

Ohridnews