После краткото затишје по нивниот прв сингл под име Чудо”, бендот „LILIT“ се вратија во етерот со нивната Миризлива градина”. Симбиозата од различни музички стилови, крунисана со нивниот препознатлив џез призвук, ја пренесува пораката која е носечки столб на филозофијата на LILIT –  сите делови на животот се испреплетени во еден круг и магичен циклус, а нашиот начин на размислување е оној кој одлучува дали тие делови ќе се синхронизираат или уништат едни со други.

Како режисер се појавува Кристина Нановиќ со нејзината препознатлива естетика. За завршната магија на спотот, со видео монтажа се погрижи Бобан Костовски, а за да микс и мастер се погрижи Љупчо Соколовски.

OhridNews