Покрај овие орудија пронајдено е и едно ѓуле кое потекнува од 15 век. Согласно законот за културно наследство, орудијата ќе бидат преземени од Заводот и Музеј Охрид каде ќе бидат конзервирани, и ќе служат како експонати. Според Целакоски пронајдените орудија имаат големо историско значење, бидејќи се работи за ретки експонати.
– Не верувам дека во Македонија на друго место имаме вакви експонати, рече Целакоски, кој не ја исклучи можноста во понатамошниот тек на акцијата да бидат пронајдени уште вакви орудија.
Според претпоставките на научните работници во непосредна близина на Охридското Езеро постоела касарна од каде пред налетот на другите војски орудијата и муницијата биле фрлени во езерото за да не паднат во раце на непријателот.
Во Охридскиот Завод и Музеј се чуваат и околу 150 орудија од отоманскиот период, најверојатно од 17 и 18 век кои пред неколку години беа извадени од водите на Охридското Езеро кај Сараиште. Тие се конзервирани и реконструирани и ќе бидат изложени пред јавноста во март оваа година.