Евертон го победи Спортинг со 2-1 (1-0) во првиот натпревар од 1/16 финалето во Лигата Европа. Домаќините на Гудисон Парк имаа предност од 2-0 со головите на Пиенар во првото и Дистин во второто полувреме. Стрелецот на вториот гол Дистин мечот го заврши предвреме откако во 87 минута во казнетиот простор го собори Лиедсон, а словенечкиот арбитар Чеферин покажа на белата точка. Сигурен реализатор на најсторгата казна беше Велосо.

Четврток играат:
Рубин – Хапоел Тел Авив, Ајакс – Јувентус, Бриж – Валенсија,Виљареал – Волфсбург,Стандард – Салцбург, Твенте – Вердер, Лил – Фенербахче,Атлетик Билбао – Андерлехт,Копенхаген – Марсеј, Панатинаикос – Рома, Атлетико Мадрид – Галатасарај, Фулам – Шахтјор, Ливерпул – Униреа, Хамбург – ПСВ Ајндховен, Херта – Бенфика.

М.П.