Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ уште еднаш се покажа како фундаментален за Милан во минималниот триумф над Фиорентина со 1-0. Ибракадабра погоди во последната минута од првиот дел , што на крајот се покажа како конечен исход.


Во воведниот натпревар Рома со 2-0 го победи Удинесе. Менез и Бориело беа стрелци на головите за Рома која се искачи на третото место на табелата.

Денес играат : Џенова-Јувентус, Бреша-Каљари, Катанија-Бари, Чезена-Палермо, Киево-Интер, Лече-Сампдорија, Парма-Лацио, Наполи-Болоња.

М.П.