Хамбургер го победи Ајнатрахт минимално со 1-0 во воведниот натпревар од 20. рунда во Бундеслигата. Стрелец на голот вреден три бода беше хрватскиот интернационалец Петриќ на додавањето на Бен Хатира.

Хамбургер по победата над Ајнтрахт остнува во трка за местата кои нудат излез во фудбалска Европа наредната година.

Лидерот на табелата и најсериозен кандидат за освојување на титулата, Борусија Дортмунд на домашен терен ќе му се спротистави на најголемото разочарување во досегашниот дел од првенството, екипата на Штутгарт. 
 
Изненадувањето на првенството, второпласираната екипа на Хановер во една од дерби средбите ќе го пречека тимот на Шалке. Актуелниот првак Баерн Минхен за противник ќе го има Кајзерслаутерн. Мајнц на Николче Новевски загуби на три од последните четири натпревари, серијата ќе се обиде да ја прекине против Волфсбург. 
 
Двојки: Баерн Минхен-Кајзерслаутерн, Борусија Дортмунд-Штутгарт, Фрајбург-Нинберг, Хановер-Шалке, Мајнц-Волфсбург, Келн-Вердер.
 
Недела, 23 јануари: Борусија Менхенгладбах-Баер Леверкузен, Хофенхајм-Сант Паули

Ohridnews