Победи на Валенсија, Барселона и Атлетико Мадрид во воведните натпревари од 27 рунда во Шпанската Ла Лига. “Лилјаците“ ја прелетаа Мајорка, додека “блауграна“ со голот на Кеита по додавањето на Меси ја победи Сарагоса. Атлетико Мадрид беше подобар од Виљареал совлaдувајќи го со 3-1.
Реал Мадрид во пресрет на денешниот натпревар кај Сантандер, заостанува десет бода зад Барселона.