Македонскиот репрезентативец Николче Новески ги одигра сите 90 миниту во минималната победа (1-0) на Мајнц над 13-то пласираниот Менхенгладбах. Стрелец за голот вреден три бода беше Свенсон.


По оваа победа Мајнц се наоѓа на седмото место со осум победи, шест реми и седум порази. Во наредното коло Мајнц гостува кај “фенерџијата“ Херта.