Аргентинецот Диего Милито е добитник на наградата најдобар фудбалер во Серија А. 31-от напаѓач на “неро азурите“ триумфираше во тесна битка со својот колега Весли Снајдер.


Милито во ланската сезона во дресот на Интер имаше сезона од соништата освојувајќи тројна круна.

На 14-от избор на италијанскиот оскар “неро азурите“ ги собраа сите индувидуални награди а Интер е избран за тим на годината во Италија.

Да биде се во знакот на Интер се погрижи погодокот на Маикон со Јувентус кој е избран за најубав гол во изминатата сезона.

Mх.П.