Реномираната спортска интернет страница Goal.com го оцени македонскиот репрезентативец Горан Пандев со 6.5 во 1/2 финалниот натпреварот со Барселона.

Во коментарот на фудбалските стручњаци говорат дека Пандев му приредил тешка вечер на десниот бек на Барселона Дани Алвеш. Учествуваше директно за погодокот на Маикон додека одлично отвори за изедначувачкиот погодок на Снајдер.


Најдобра оценка 8.5 има асистентот на првиот погодок и стрелецот на третиот гол за нероазурите Диего Милито,  додека најслаба оценка 4 има робусниот напаѓач на Барселона Златан Ибрахимович.

Интер

Жулио Цезар 7, Маикон 7 (Киву 5), Лусио 7.5, Занети 8, Камбијасо 7.5, Тиаго Мота 7, Снајдер 8, Ето 7.5, Милито 8.5 (Балотели 4.5), Пандев 6.5 (Станкович 5).

Барселона

Валдес 6, Даниел Алвес 5.5, Пујол 6.5, Пике 6.5, Максвел 6, Чави 6.5, Бускетс 5.5, Кеита 6, Меси 6.5, Ибрахимович 4 (Абидал 5), Педро 6.5.

Видео ЛШ : Интер со лекција за Барсa во 1/2 финалето

ohridnews