“Милионерите“ ја забележаа третата последователна победа совладувајќи го Хамбургер со 2-0 и ја зачува водечката позиција во Бундеслигата. Пред 80 илјади гледачи на Сигнал Идуна паркот (поранешен Вестфален) мрежата на гостите ја затресоа Кагава и Бариос.


На останатите натпревари во оваа рунда актуелниот првак Баерн кој сезонава игра спротивно на сите прогнози на домашен терен ќе го пречека Нинберг, екипа која се наоѓа во серија од три победи. Интересен и неизвесен се очекува да биде натпреварот помеѓу Волфзбург и Шалке. Аспирантите за освојување на титулата во досегашниот дел од сезоната се наоѓаат во долниот дел од табелата. Волфсбург е на 12-то место на табелата со 13 бодови, Шалеке е 16-ти со скромни 9 бода.

Двојки: Келн-Борусија Менхенгладбах, Кајзерслаутерн-Штутгарт, Санкт Паули-Баер Леверкузен, Вердер-Ајнтрахт, Волфзбург-Шалке, Мајнц-Хановер,  Хофенхејм-Фрајбург, Баерн Минхен-Нинберг