Екипите на Милан, Катанија и Јувентус се пласира во 1/4 финалето во Италијанскиот фудбалски куп. “Росонерите“ на Сан Сиро со 2-1 ја победија Новара. Гостите го намачија вториот тим на Милан кој поведе со голот на
Инзаги, на 1-1 израмни
Гонзалес, а патот до 1/4 финалето го обезбеди
Фламини на десетина минути пред крајот.
Меѓу осумте најдобри се најде и Катанија која со идентични 2-1 но како гостин ја совлада фаворизирната Џенова. Пласмати е јунакот за тимот на Михајловиќ откако на два пати ја погоди противничката мрежа.
Јувентус со победата од 3-0 над Наполи обезбеди пласман во 1/4 финалето. Со оваа победа тренерот на бјанконерите
Чиро Ферара останува на “разнишаното“ место на клупата. Капитенот
Дел Пиеро на два пати и
Диего еднаш беа прецизни за Старата Дама.
Резултати: Милан – Новара 2-1, Џенова – Катанија 1-2, Јувентус – Наполи 3-0
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com