Милан ја победи Сампдорија со 2-1 на гостувањето во Џенова и обезбеди пласман во полуфиналето од Копа Италија. Двоен стрелец за Милан беше Бразилецот Пато, а стрелец на почесниот гол за домаќините беше Губерти.

Бранителот на трофејот Интер беше посреќен при изведувањето на пеналите и со 5-4 го порази Наполи. Трагичар за наполитанците беше Аргентинецот Лавеци. Пандев биеше прецизно во третата серија.



Во полуфиналето Милан ќе игра против Палермо, додека Интер ќе го чека подобриот од дуелот Рома – Јувентус.