Работите и тоа како беа олеснати за тимот на Алегри кога Киву беше исклучен по стартот над Пато, кој беше во налет. Пато подоцна по удар-додавањето на Абате по втор пат го матираше Цезар.
“Црвено-црните“ потоа имаа серија можности да ја зголемат предноста, но одличниот Цезар ги стопираше ударите на Робињо, Пато и Боатенг.
Конечниот резултат го постави Касано од пенал во финишот на мечот. Касано по постигнатиот гол поради соблекување на дресот заработи жолт картон, а неколку минути подоцна поради стартот над Кордоба и втор жолт автоматски црвен.
Во последните седум рунди пред крајот Милан ќе влезе со пет бода предност во однос на Интер.