Седмукратниот светски Ф1 шампион, Михаел Шумахер, повторно е во центарот на вниманието, откако во првото издание од новата сезона на култната британска емисија за автомобилизам „Top Gear“, беше откриено дека тој е легендарниот “The Stig“ – мистериозниот супервозач, чиј идентитет долги години се чуваше во тајност.
“The Stig“ стана популарен во емисијата „Top Gear“ тестирајќи ги автомобилите до крајните граници на издржливост, но и по подучувањето на славни личности да возат. Неговиот идентитет отсекогаш бил тајна, се до пред некој ден кога во британското тв шоу “The Stig“ ја симна белата “кацига“ под која се криел Михаел Шумахер.
„Дали си ти возачот кој има забрана во 17 американски држави?“, било прашањето на водителот на кое Шумахер одговорил: „Не, само во 9“.
Оригиналниот “The Stig“ кој имаше црна кацига беше Пери Мекарти, поранешен возач на Формула 1. Тој беше заменет од белата кацига, Михаел Шумахер, но се смета дека пред него имало уште еден мистериозен возач, за кого медиумите шпекулираат дека е Бен Колинс, каскадер и возач на болид на „Le Mans“ серијата.