Англија иако десеткувана успеа да ја совлада Данска на домашен терен со 2-1. Даниел Агер погоди за предност на Данска додека “гордиот албион“ со погодоците на тандемот на Астон Вила, Дарен Бент и Ешли Јанг го свртеа резултатот во своја полза.
Франција со погодокот на Карим Бензема во првиот дел триумфираа над “кариоките“ додека пресметката помеѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо односно Аргентина – ПОртугалија заврши со триумф на “гаучосите“ со 2-1. Човекот на одлука беше најдобриот фудбалер на планетава Лионел Меси кој во финишот на натпреварот постигна погодок од пенал вреден победа за Аргентина.