Манчестер Јунајтед со леснотија во играта стигна до триумф над Фулам со 2-0. “Црвените ѓаволи“ со цврсти чекори грабат до рекордната 19-та титулата во Премиер Лигата. Избраниците на Сер Алекс Фергусон работата ја завршија уште во првиот дел од натпреварот, најдобриот стрелец во Премиер Лигата, бугаринот Димитар Бербатов со 20-от погодок го отвори резултат. Еквадорски репрезентативец Антонио Валенсија ги постави конечните 2-0.
Со новите три бода Манчестер Јунајтед му избега десет бодови на Арсенал кој има натпревари помалце и 11 бодови на Челси.
Резултати: Волфс – Евертон 0-3, Мен Ју – Фулам 2-0, Челси – Виган 1-0, Блекбурн – Бирмингем 1-1, Болтон – Вест Хем 3-0, Сандерленд – ВБА 2-3, Тотенхем – Стоук 3-2.
Табела: Мен Ју 69, Арсенал 59, Челси 58, Мен Сити 56, Тотенхем 53. . .
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com