Манчестер Јунајтед ја продолжи агонија на тимот на Арсен Венгер откако со 2-0 го победи и елининираше од понатамошните натпреварувања во ФА Купот.


Одлучувачки во победата беа погодоцита на Фабио и Руни кои по еднаш во двете полувремиња ја затресоа мрежата на Алмунија.

Арсенал го изгуби компасот и за само една недела испадна од игра за три трофеи. За топџиите останува уште трката за шампионската титула во Премиер лигата.

На останатиот денешен натпревар во ФА купот, Бирмингем беше поразен од Болтон со 3-2.