Состојбата на американскиот скијач, Скот Мекартни се подобрува, а лекарите велат дека состојбата се стабилизира. По спектакуланриот пад во саботата на патеката во Кицбил, тој повеќе не е во кома. Мекартни изгуби контрола на скиите при брзина од 140 км/ч,и не успеа да се задржи на нозе во последниот скок пред целта на патеката.
Американецот и натаму останува на одделението за интензивна нега на клиниката во Инсбру. При посетата на американска експедиција Мекартни разговарал со тренерот, па дури и се шегувал на своја сметка, прашувајќи кога е неговиот следен настап во Светскиот куп.
Лекарите нема да ризикуваат со брзо транспортирање на Мекартни во САД и ќе го задржат на лекување додека тоа е потребно.
Боди Милер и Дидие Куше по трката изјавија дека организаторите се виновни за инцидентот во кој настрада Мекартни, затоа што патеката била рискантно поставена и можеле да се случат и повеќе излетувања на скијачите.
OhridNews