Кошаркарскиот клуб АВ Охрид ги засили своите редови со три играчи доведувајќи ги американските интернационалци Остин Ајуква и Маркус Џексон и српскиот .плеј мејкер Игор Мијајловиќ.
Џексон и Мијајловиќ ќе бидат засилувања за надворешната линијата во екипата додека Остин Ајуква ќе треба да се грижи за мир и ред под кошевите.
Со доведувањето на Џексон, Мијајловиќ и Ајуква „галебите“ стигнаа до девет нови играчи. Претходно во охридското јато се приклучија Марјан Младеновиќ, Војче Лефковски, Адем Меќиќ, Игор Пенов и Александар Штерјов и Данило Мијатовиќ.
Охридските кошаркари подготовките за новата сезона ќе ги започнат за две недели во СРЦ „Билјанини Извори“.
OhridNews