Расположен и со кренати раце, 13-годишниот Марко го започна најавениот подвиг на Охридското Езеро. Тој ќе се обиде да го преплива таканаречениот триаголник Охрид – Св. Наум – Струга Охрид во должина од 64 километри. Новата битка со Езерото детето кое веќе се сврстува помеѓу легендите на Охрид ја посветува на лицата со ретки болести. Марко и самиот е голем борец. Тој има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети, но тоа не го спречува да се впушта постојано во нови предизвици.

Марко веќе ги минува првите километри, а како изгледаше стартот на неговиот соло маратон погледнете во видеото.

Марко со кренати раце се впушти во нова битка со Езерото

OhridNews