“Чест е да се биде најдобар полицаец во Охрид и посакувам секој колега да стигне до оваа награда“, изјави Марјан Милошески-најдобриот полицаец во Охрид во изминатата година.

Признание на надобриот полицаец му оддаде претседателот на Советот на општина Охрид, Владо Чингоски, кој посака полицијата да има што помалку работа и мирна туристичка сезона. Традиционално Чингоски на најдобриот полицаец му врачи телевизор, награда што општината Охрид традиционално ја доделува на Денот на полицијата.


Марјан Милошески – најдобриот охридски полицаец

По повод 7-ми мај-Денот на македонската полиција во СВР Охрид се одржа прием на кој признанија им беа доделени на вработените со стаж од над 20 години.


одбележан денот на полицијата

Ohridnews